Стоилковски: Попис во вакви услови ќе предизвика нов бран на корона

394

Попис во вакви услови ќе предизвика нов бран на корона вирусот истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој истакна дека додека Македонија се соочува со ужасен бран на корона кризата,  власта наместо кон вистинска потрага за вакцини тргнала кон фантом фирми за провизии и тргнала да прави попис.






– Во период кога на дневна база има по 20 жртви, во време кога од немајкаде ставија полициски час, ќе треба незаштитени партиски војници од партиски огласи, да попишуваат домаќинства, ќе одат од дом во дом кај граѓани. Попис во вакви услови ќе предизвика нов бран на корона – потенцира Стоилковски.

Тој нагласи дека токму затоа ВМРО-ДПМНЕ предложи план односно пописот да се оддржи во септември, изборите во ноември, а во меѓувреме имунизација на граѓаните и попишувачите.

– Оддржување на теренски попис за втора половина на месец септември годинава, веднаш имунизација на население, задолжителна имунизација на попишувачите. Заради здравствените околности, и одложување за еден месец на локалните избори, за ноември годинава – рече Стоилковски.

Во однос на онлајн попишувањето тој нагласи дека главна теза на СДСМ им била дека за 10 години имало 600.000 иселени, плус дијаспората од претходно, а од сето ова има само 50.000 попишани во овој период, и тоа на апликација која што падна и е проблематична, пробиена и девалвирана од првиот ден.

 

Поврзани содржини