СТОИЛКОВСКИ ОБВИНУВА На милионски тендер за санација на одрон повторно единствен понудувач фирма блиска на СДСМ

За ВМРО-ДПМНЕ е проблем што на двата тендери не се јавиле други фирми освен „Стентон“.

505

ВМРО-ДПМНЕ  денеска обвини дека владата фаворизира фирми блиски до СДСМ на јавни тендери, а единствен понудувач е главниот критериум за избор.

Портпаролот на партијата Наум Стоилковски инофрмира дека на 2 одвоени јавени тендери на ЈП Државни патишта за расчистрување на одрони на патот Миладиновце -Штип и на патот  Хамзали – Берово  работата ја добива иста фирма – битолски „Стентон“.






За ВМРО-ДПМНЕ е проблем што на двата тендери не се јавиле други фирми освен „Стентон“.

-Како е возможно на толкави тендери вредни 1,8 милиони евра, да биде пријавен само еден понудувач? Како е возможно на тендер кој што вреди над еден милион евра за расчистување на делница кај Берово да има само еден единствен понудувач? И тоа кој што понудил според проценетата вредност за набавката со ДДВ изнесува 64 милиони и 900 илјади денари, а понудувачот понудил 64 милиони и 800 и безмалку 42 илјади денари?- праша  Стоилковски.

Според него, очигледно е дека единствен критериум за избор на тендер на општини, јавни претпријатија и компании предводени од СДСМ/ДУИ највозможно е да има само  единствен понудувач.

-Во време на економска криза, градежни компании не се пријавуваат на два тендери во неполни два месеци, тендери во вкупна вредност од над 1,8 милиони евра, па на тендер на ЈП Државни патишта, на тендери во делот на транспорт и врски под министерот Благој Бочварски, се јавува само еден понудувач.А, тој понудувач е компанијата од Битола, којашто важи за блиска до СДСМ, и којашто се доведуваше во тесна врска со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола на последните локални избори! – вели Стоилковски.

 

Поврзани содржини