Стоилковски: Обвинителството се претвори во фиока за застарување на предмети поврзани со Заев

256

Срамна е одлуката на Обвинителството за организиран криминал и корупција споделена во медиумите, срамно е за обвинителите кои се прогласија за ненадлежни за постапување по видеото на кое што се гледа Ден Дончев, директорот на најбогатиот државен Фонд – ФЗОМ каде што тој зема пари и ги става во чанта! Ова е одлука со која што Зоран Заев го амнестира Ден Дончев, рече Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е доказ за обвинителството во пупка кое што работи исклучиво по политичка нарачка, пупка во која што ги штитат луѓето на Заев и неговите муртински врски! Тоа биле, внимавајте, нецелосни снимки и претпоставки! И толку од Обвинителството. Се работи за човек, близок до Зоран Заев, за кој што во обвинителството има неколку пријави. Се работи за човек кој што веќе има процес за „Рекет 2“, човек за кој што има процес за вмешаност во меѓународен скандал за рекетирање! Човек што одеднаш има „семејни причини“ за повлекување од очи на јавноста. Ама за обвинителството нема причини да се отвора предмет, да постапува самостојно по ВИДЕО јавно објавено, во кое истиот човек зема снопче пари и ги става во чанта – рече Стоилковски.






Според него, наместо да ја исполнува својата должност, да отвора предмети по допрен глас, Обвинителството се претворило во извршител на нарачките и се претворило во фиока, во која што треба да застарат или воопшто да не се спроведуваат предмети кои што се поврзани со Заев и неговата забегана банда.

 

 

Поврзани содржини