Ние се одзвавме на јавната покана упатена преку социјалните мрежи преку медиумите од страна на Златко Марин упатена до мене како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и до Дејан Митевски како претседател на општинскиот комитет којшто по социјалните мрежи ги вади деловите од тендерите коишто покажуваат за сомнително работење на општина Аеродром и набавки со цена од 300 евра за едно метро ламинирана штица, греда или пак 150 евра за едно метро метална шипка Ф40 колку се сеќавам, но грдаоначалникот не беше на работа, изјави Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Еве јас ги отпечатив овие договори меѓутоа не стигнавме да се видиме со Златко Марин, да видиме што ќе има тој да ми каже бидејќи упати јавна покана. Јас се надевам дека градоначалникот можеби некогаш ќе се појави на работа а и ќе даде отчет пред граѓаните како се дојдени до овие цени и прифатени овие цени на тендер од 300 евра за едно метро дрвена штица, 150 евра за едно метро челична шипка – цевка или пак 800 евра за една сијалица, 250 евра ама тоа е едно метро цевка свиткано во круг, би требало да ги објасни овие поединечни цени,бидејќи основата на криминалот и на корупцијата според Бирото за јавни набавки но и според оние што се борат со корупцијата во тендерите велат дека деталите се оние каде што се крие ѓаволот а не целиот тендер како најевтина понуда – вели Стоилковски.