Стоилковски: „Фридом хаус“ го потврди хибридниот режим на СДСМ

Македонија нема исчекор ниту во организирање на изборен процес, ниту во транспарентноста на власта, ниту во слободата за учество во политичкиот живот, ниту во политичката култура, ниту пак во нивото на граѓански слободи.

181

Три години власт на Зоран Заев – три години хибриден режим во Македонија. Оценката на Економист на почетокот на годината сега ја потврди и Фридом Хаус, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Македонија е делумно слободна држава со владение на хибридниот режим на СДСМ. Според оценките на Фридом Хаус Македонија воопшто не исчекорила од хибриден полудемократски режим, и е во групата на држави како Украина, Молдавија, Грузија, Босна и Херцеговина. Нема поместувања ниту во организирање на избори за кои се нотирани нерегуларности, ниту има подобрување во слободата на медиумите.






Македонија нема исчекор ниту во организирање на изборен процес, ниту во транспарентноста на власта, ниту во слободата за учество во политичкиот живот, ниту во политичката култура, ниту пак во нивото на граѓански слободи. Тоа се параметрите што се мерат и одредуваат каква е Македонија под хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев – вели Стоилковски.

Тој додаде дека, според оценката на Фридом Хаус и процентните поени, Македонија има полош резултат од 2014 година, полош од 2015 и е на ниво од 2016 година. Тоа значи дека режимот спроведуван од СДСМ и Зоран Заев, воопшто нема демократско поместување.

– Имајќи ги предвид нивото на корупција со секој нов тендер, нивото на судството во пупка, нивото на молчаливото обвинителство каде поднесените предмети од ВМРО-ДПМНЕ стојат во фиоки, збунетите антикорупционери кои уште разгледуваат предмети стари по една година, отворениот терор врз медиумите по поделбата на Заев и СДСМ на провладини и противници, селекцијата на новинари кои ќе поставуваат прашања во владата, полициски тормозења и пресуди за новинари кои што откриваат скандали, отворениот поткуп во изборни цели – СДСМ ја турка Македонија на чекор до авторитарен режим – рече портпаролот.

 

Поврзани содржини