Стоилковски алармира на труење на воздухот во Аеродором ФОТО

328

Цело Скопје дише загаден воздух, над половина милион граѓани се трујат, а Петре Шилегов три години не одвои ниту еден денар за спречување на загадувањето, ниту пак за подобрување на квалитетот на воздухот, пишува Наум Стоилковски на Фејсбук.






„Оваа фотографија ја направив денеска утрината. Зад овој ѕид од загадена магла, на само 100 метри од објективот се четирите облакодерите во Аеродром. Во нив живеат и функционери од власта. Но, кога станува збор за екологијата, се прават „загубени во маглата”. Или пак живеат над неа во облаците? Коста Костадиновв се читаме ли? „Летаат” ли честичките со корона во загадена магла? Во право се советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје кои што и вечерва алармираат: Загаденоста и вечерва се движи од 2 – 3 пати над максимално дозволената граница. Нивото на канцерогени ПМ10 честички е над 100 микрограми на метар кубен“, вели Стоилковски.

Поврзани содржини