Стоилковски: 300 евра за даска, способен ли е Марин да управува со буџетските пари?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека граѓаните  на општина Аеродром заслужуваат да знаат дали Златко Марин има или може да извади документ за деловна способност да управува со буџетски пари на граѓаните.

285

Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром во Скопје, плаќа 300 евра за едно метро дрвена даска, реагира денеска Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Според набавките на Златко Марин „дрвен столб од 1 метар (10cmx10cm)“ се плаќа 300 евра, без ДДВ, а со ДДВ изнесува 350 евра. Еден метар дрвена даска! Математиката вели дека цел дрвен столб од 4 метри, би изнесувал фантастични 1.400 евра, или метар кубен, како што се купуваат даски, летви, граѓа, според Златко Марин треба да чини 35.000 евра – пресметува Стоилковски.






Тој го обвини Марин дека не изградил ништо, освен ценовници.

– Златко Марин е градоначалник кој што купува една лед сијалица за 48.000 денари. Купува обрач за кош за 15.000 денари. Метална чешма за вода 65.000 денари! Славина за вода 7.000 денари. Корпа за отпадоци 16.000 денари. Клупа за седење 15.000 денари. Овие цени се вон сите параметри за стопанско работење во Македонија. Овие цени се вон разум во години на економска криза во која што потона Македонија. Ова не се цени кои што кажуваат за добро водење на општината. Напротив кажуваат многу за Златко Марин, за СДСМ и за Зоран Заев – вели Стоилковски.

Тој додава дека граѓаните  на општина Аеродром заслужуваат да знаат дали Златко Марин има или може да извади документ за деловна способност да управува со буџетски пари на граѓаните.

Поврзани содржини
na