Стоилковски: Владата на Заев ѝ даде 30-годишна концесија на фирмата на бате Вице и на бате Трајче ВИДЕО

1,763

Според одлуката на владата, на 6 октомври, „Еленица“, семејната компанија за тули на Трајче Заев, на Вице Заев и на Катерина Бојовиќ Заева, доби концесија на цели 30 години за експлоатација на минерална суровина на локалитетот Раборци во струмичко, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција и посочи дека станува збор за конфликт на интереси што треба да го истражи Антикорупциска.   

– Внимавајте, владата на Заев им дава концесија на фирмата на бате Вице и на бате Трајче. Концесија за руда за следните цели 30 години, на семејната фирма на Заев. Ова е конфликт на интереси и класична злоупотреба, ова е класична приватизација на владата и на државните ресурси, целосна неетичност во водењето политики. Ова е безобразно. Ако антикорупционерите тука не видат конфликт и злоупотреба, ако не гледаат влијание и ако за ова ДКСК остане сокриена зад недоречености, тогаш слободно Антикорупциска нека се самораспушти. Додека Заев се закануваше дека ќе ги остави малите компании да згаснат во кризата и дека нема намера да им помогне, истовремено со одлука на неговата влада непречено ги помага фирмите на бате Вице. Ете затоа е мафија!






Ова не е прв пат Заев да ја форсира фирмата на бате Вице и на бате Трајче, компанија со годишни обрти од над 5 милиони евра.

– Еленица се најде во скандал од 220.000 евра пари од Фондот за иновации. Годинава Еленица зеде државна помош од 841.000 денари за минимални плати за работниците, а сега Заев обезбеди 30-годишна концесија за минерални суровини. Бате Вице врти милиони со фирмите само и само заради Зоран Заев! Во Македонија со Заев, нема фонд, нема помош, нема концесија за никого, освен за фирмите на бате Вице и на мафијата на власт – рече Стоилковски.

 

Поврзани содржини