Стоев: Мониторингот на ЕУ е гаранција дека Македонија ќе ги почитува договорите

Времениот министер додава дека нема никакво несогласување меѓу бугарските институции за прашањето за Македонија.

357

В.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев вели дека мониоринг од страна на Европската унија е гаранција дека билатералните договори со Македонија ќе бидат спроведени.

– Се обидуваме да им дадеме многу јасно не само на македонската страна, туку и на нашите партнери, дека нашата политика е конзистентна. Предлагаме продлабочување и рестартирање на дијалогот, рестартирање со перспектива на билатерална линија со РС Македонија. Втората патека на која се работи е враќање на темата во рамките на нормалните европски формати, каде што овие прашања треба да се дискутираат меѓу земјите-членки на Европската унија и каде на Бугарија треба да и се дадат гаранции дека ќе се спроведе билатерално договорено во иднина. Овој мониторинг од страна на ЕУ е гаранција дека билатералните договори што се потпишани и кои се пред потпишување ќе бидат имплементирани – вели Стоев пренесува „БГНЕС“.






Времениот министер Светлан Стоев уште додава дека нема никакво несогласување меѓу бугарските институции за прашањето за Македонија.

– Нема разлика помеѓу позицијата на бугарскиот претседател, министерот за надворешни работи и владата, имајќи предвид дека имаме рамка во која се движиме, имаме декларација за Националното собрание, која е поддржана од сите политички сили претставени во 44 парламент – објаснува Стоев.

Тој, според „БГНЕС“, го идентификува враќањето на довербата и дијалогот со Скопје како приоритет број еден.

– Целта е да се постигнат одржливи и неповратни резултати во односите меѓу Бугарија и Македонија – вели Стоев.

Поврзани содржини