Стојменов во кавга со инспектори, Богдановиќ вели не смее да гради

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека на инвеститорот му било издадено и решение за отстранување на градбата кое тој не го испочитувал.

2,572

Инспектори заедно со полиција утрово интервенирале на градилиштето на ТЦЦ „Плаза“ поранешно „Беко“ во центарот на Скопје, за да ја стопираат градбата на објектот.

Присутен бил и сопственикот Борис Стоjменов, поранешен министер за финансии, кој се карал со полицијата и инспекторите. Тој нема дозвола за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот.






Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека на инвеститорот му било издадено и решение за отстранување на градбата кое тој не го испочитувал.

– Инвеститорот не поседува одобрение за градење на градбата. Во определените три дена инвеститорот не ја остранил градбата и затоа, на 28.04.2020 година овластениот градежен инспектор носи заклучок со кое решението е извршно. Инвеститорот со заклучокот требал сам да ја отстрани градбата во спротивно, тоа ќе се стори по административен пат на сметка на инвеститорот. На 08.05.2020 година со записник од извршен инспекциски надзор, градежна инспекција на Општина Центар го затвора градилиштето кое е оградено, поставена е лента за спречување на натамошна изградба и на јавно место е истакнато дека е затворено од градежна инспекција, а инвеститорот има рок од 30 дена да ја усогласи натамошната изградба или да ја отстрани градбата. Овој заклучок е поради фактот дека инвеститорот и покрај претходно донесените заклучок и решенија продолжил со градба на објектот. И покрај се инвеститорот, самоволно, ја отстранил лентата за заградување на објектот и служебниот знак со кој е затворено градилиштето и продолжил со градба – напиша на Фејсбук Богдановиќ.

Тој додава дека инвеститорот и покрај тоа што е донесено решение и заклучок за уривање, и затворање на градилиштето по член 136 од Законот за градење, на насилен начин го отстранил знакот за затворање на градилиштето.

– Поради тоа во присуство на полиција денеска од градилиштето се отстранети затекнатите работници и согласно Закон, против инвеститорот ќе се поведе постапка пред надлежните органи – додава Богдановиќ.

Поврзани содржини