Стојкова Серафимовска: Царовска да им ги врати парите на учениците за свидетелства и да понесе одговорност

137

За прв пат учебната година започна со еден месец задоцнување, беше пропратена со скандали и проблеми, а гледаме како почна така и заврши со гаф на министерството за образование и наука, смета Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и побара одговорност.

– На крајот на учебната година не се поделија свидетелства за сите ученици во средното и основното образование без никакво логично објаснување. Единствено што слушнавме е дека истите ќе се поделат на почетокот на следната учебна 2021/22 година. Да биде скандалот поголем за свидетелства им се бараат по 200 денари од ученик што ако се пресмета значи дека родителите неспособноста на министерството на Царовска ќе го платат со 30 милиони денари од својот џеб – вели Стојкова Серафимовска.






Таа побара Владата и Царовска да ги рефундираат средствата на учениците кои платиле но и да понесат морална и политичка одговорност за ваквото бесрамно пљачкање на народот во криза.

 

Поврзани содржини