Стојко Војводата
Во триесетгодишната историја на самостојна Македонија си првиот и единствен функционер кој в лице им рече НЕ на оние кои мислат дека светот се врти околу нив. СЕКОЈА ЧЕСТ, СИМНУВАМ КАПА.
Беше 24-ти декември 2012-та – Црниот понеделник.
Физички најситен, ама срце јуначко.
Во триесетгодишната историја на самостојна Македонија си првиот и единствен функционер кој в лице им рече НЕ на оние кои мислат дека светот се врти околу нив. СЕКОЈА ЧЕСТ, СИМНУВАМ КАПА.
Фала му на Бога, жив и здрав си, нема да продолжам да ТИ пишувам ода.
Место тоа, а бидејќи денес е 24-ти април, денот кога пред 116 години, во Цер – Кичевско, се случи херојската саможртва на Христо Узунов и целата негова чета, ќе го препишам записот на директниот сведок на настанот, Италијанецот Еторе Лоди:
„…На другиот ден после бојот ја видов во Цер страшната слика што никогаш нема да ја заборавам. – Труповите на единаесет млади јунаци, сите со отворени рани по градите и по челото. Се самоубија за да не паднат живи во рацете на непријателот.
Ми го покажаа војводата Узунов. Лежеше прострен на подот со раширени раце, а погледот на неговите мртви и отворени очи гледаше горе, во бескрајот. Од челото уште му течеше крв…Ја видов Македонија во тој момент – Маченица, Велика, Непобедива..!“
Вака се бранела Македонија во 1905-та година. А, во 2021-ва се брани само на начин како што тоа го правиш Ти, почитуван Другар Стојко Пауноски.
Македонија може да се надева на својот опстанок и својата иднина само тогаш кога ќе воспостави систем на независни, стручни и професионални институции, а не хаос во кој за сè одлучуваат неколкумина политички поглавици.