Стојановски: Власта им дава повеќе пари на локалните шерифи да лудуваат и понатаму
Пратеникот ов ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта се обидува да им овозможи на градоначалниците да работат уште покорумпирано.
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека владата која им ги прости долговите на општините сега се обидува со ад хок решение да го олесни мнивното финансиското работење и со зголемување на нивните буџети.
Патеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција рече дека владата предлага 4,5% од наплатениот просек на ДДВ од изминатите три години да се префрли на општините во 2021 години, наспроти актуелното решение 4,5% од ДДВ за 2020 година. Покрај овој закон, пратениците од мнозинството предлагаат законски измени со кои општините ќе може да ги предимензионираат своите буџети за 50% повеќе отколку во изминатите години.
– Согласно ваквото решение сите 80 општини и градот Скопје ќе поделат вкупно 36 милиони евра, наместо 34 милиони евра. Но ниту со овие дополнителни 2 милиони евра нема да се реализираат ветувањата кои ги дадоа градоначалниците на локалните избори. Ветуваа базени во секој град, нови училишта и градинки, нови булевари, асфалтирања на сите улици и патишта, канализација итн. Ништо од ова се нема реализирано, ниту пак има подобрување на општинските услуги, а тоа најдобро го знаат граѓаните – рече Стојаноски.
Стојановски додаде дека власта сака да им овозможи на општините да можат да ги предимензионираат своите буџети за 50% повеќе отколку во изминатите години.
– Поради ваквите неразумни предлози градоначалниците се однесуваат како локални шерифи и на грбот на граѓаните прават високи сметки за кафани, си купуваат нови возила, вработуваат партиски послушници, делат тендери на блиски. Ако Заев и СДСМ сакаат да стават крај на локалните шерифи, предлог законот за финансирање на единиците на локална самоуправа поднесен од пратениците од мнозиството веднаш да се повлече. – додаде тој.
Според него , загрижува и тоа што власта знаејќи ја неспособноста на своите градоначалници им овозможува зголемување на Буџетите на товар на граѓаните. Веќе од 1.1.2022 се најавени покачувања на даноците на имот.
– Условно речено, наместо општините да работат на подобрување и проширување на опфатот на даночните обврзници во базите, како и подобрување на наплатата на локалните даноци, Власта повторно наоѓа начин како пред-изборно да им овозможи на градоначалниците со манипулации да ги задолжат општините за непродуктивни трошоци. Со тоа, ќе бидат казнети оние граѓани што плаќаат, а пак оние кои со години избегнуваат да влезат во базата на податоци на општините или пак да им се направи реална проценка на вредноста на имотот нема да имаат – рече Стојановски.
На крајот на трет квартал 2018 година, општините и локалните установи должеле 97 милиони евра или го зголемиле долгот за 50 отсто.