Стојановски не е меѓу заболените деветмина со британскиот сој на ковид-19 во Шамбли

Британскиот сој на коронавирус и натаму силно го погодува Шамбли. Потсетуваме, а тоа го гледаме и со свои очи, дека овој сој на коронавирусот е многу заразен - соопшти францускиот второлигаш.

974

Францускиот фудбалски второлигаш Шамбли, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски, е погоден од британскиот сој на коронавирус.

Информацијата вечерва ја соопшти клубот од северна Франција, истакнувајќи дека вкупно девет фудбалери, како и четворица од клупскиот персонал, меѓу кои и член на раководството, се позитивни на британскиот сој на ковид-19.






– Британскиот сој на коронавирус и натаму силно го погодува Шамбли. Потсетуваме, а тоа го гледаме и со свои очи, дека овој сој на коронавирусот е многу заразен – соопшти францускиот второлигаш.

– Нашиот клуб ги презема сите неопходни мерки за заштита, а нови тестирања ќе бидат спроведени пред одигрување на следниот натпревар закажан за в сабота против Клермонт – се додава во соопштението на клубот за кој игра Стојановски.

Стојановски не е меѓу деветте кои се заразени, и тоа со новиот сој на коронавирусот.

Станува збор за Умар Гонзалез, Јон Попелард, Себастијан Флохон, Шекил Долос и Лукас Камело. Во стручниот штаб заразени се Флориан Рутие и Гахаро Дукуре. Трет случај беше откриен оваа недела во името на Кевин Деникур, кондицискиот тренер. Заразен е и директорот Максим Маловири.

Поврзани содржини