Стојаноски: Заев предвреме ја почна кампањата, со митинг во Идризово (ФОТО)

Во затворот се внесени реквизити, знамиња и партиски пропаганден материјал и буквално е направен партиски штаб во самиот затвор што е недозволиво и политизација на КПУ Идризово од невидени размери, вели Стојаноски.

1,474

ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од директорот на затворот Идризово и одговорност од министерката за правда Рената Дескоска откако денеска беа објавени фотографии и видео снимка на кои се гледа како затвореници се собрале да агитираат во затворот.

– Зоран Заев предвреме ја почна кампањата, со митинг во Идризово. Од таму велат поздрав до Зоран Заев и Вице Заев и Шекеринска. Овие фотографии не се од партиски штаб на СДСМ, ова се фотографии од затворот Идризово, кој е претворен во партиски штаб на СДСМ. Осуден за дрога во затворот Идризово повикува да се гласа за Заев и за Шеќеринска. Фотографии и видео материјал кој се шири на Фејсбук покажуваат како Јане Павловски, викан Јане Тица, кој се наоѓа во затворот за издржување на затворска казна го претворил затворот во партиски штаб – рече Бојан Стојаноски, кандидат за пратеник во Изборна единица 2 од ВМРО-ДПМНЕ.






Тој вели дека во затворот се внесени реквизити, знамиња и партиски пропаганден материјал и буквално, како што вели, е направен партиски штаб во самиот затвор што е недозволиво и политизација на КПУ Идризово од невидени размери.

– Поставувањето на партиските реквизити и правење на штаб не можело да помине без амин на затворската управа која раководи со затворот. Ова е скандал од невидени размери и бараме итна оставка од директорот на затворот Идризово кој го дозволил ова. Дополнително срамно е што ваквото дејствие на Тица и затворската управа е оправдано и од Ѓорги Галетановски, директор на скопската Зоолошка градина, која во коментар на фотографиите и видео материјалот кои се шират на Фејсбук го фали Тица за неговата партиска активност во затворот. Ги повикуваме и надлежните институции да ги санкционираат сите засегнати во случајотм- додаде Стојаноски.

 

Поврзани содржини