Стојаноски: Заев го штити криминалот на Рашковски и врши притисок врз Русковска

Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

334

На денешната Собраниска седница за пратенички прашања пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски го праша премиерот Зоран Заев дали со неговата последна изјава во неделникот „Фокус” го штити криминалот на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, и дали со таа негова изјава врши притисок врз обвинителката Вилма Рускоска.

– Денеска сте на насловната страница на „Фокус” каде велите дека немате сомневање дека сè е чисто. Не знам дали сте свесен ама вие со ова му давате легитимитет и институционална покриеност на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски и на неговите дејствија – рече од говорницата Стојаноски.






Според него, премиерот Зоран Заев со изјавата потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер.

– Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш. Дали се уште сметате дека поранешниот генерален секретар на Влада и ваша десна рака Драги Рашкоски е невин за сите криминални и сомнителни тендери и набавки кои што јавноста ги слушна? Дали премиер треба да ги почитува законите или да си ги толкува како му одговара? Дали Зоран Заев прави јавен притисок кон Вилма Русковска? – го праша Стојаноски премиерот Заев.

Поврзани содржини