Стојаноска: Сите навиваа за нашите фудбалери, лажниот навивач Заев за да се спаси од велепредавствата

Таа повтор дека националните интереси се црвена линија за секоја една европска и светска држава, но како што рече, само за Зоран Заев македонските национални интереси се како низа црвени пиперки коишто седнал да ги продава како на една тезга во Муртино.

5,759

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска на протестите на ВМРО-ДПМНЕ пред МНР направи паралела меѓу Европското првенство во фудбал и премиерот Зоран Заев.

– Целиот македонски народ се обедини и во еден глас навиваше за нашите фудбалери, фудбалерите на репрезентацијата на Македонија, повторувам на Македонија. Додека пак од друга страна тука во Македонија имаме еден лажен навивач и лажен преговарач, тоа е Зоран Заев, којшто единствено за коешто навива и преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали – рече Стојаноска.






Таа повтор дека националните интереси се црвена линија за секоја една европска и светска држава, но како што рече, само за Зоран Заев македонските национални интереси се како низа црвени пиперки коишто седнал да ги продава како на една тезга во Муртино.

 

 

Поврзани содржини