Стојаноска: Се обврзуваме да има посреќни семејства, мајки и деца

Таа во рамки на предизборната кампања денеска ќе има средби со жителите на гостиварската населба Циглана.

176

Дафина Стојаноска носител на листата на коалицијата Обнова на Македонија во рамки на предизборните активности денеска во Гостивар оствари средба со унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ и организацијата на жени во политичката партија Движење за национално единство на турците (ДНЕТ).

– Без разлика на нашите имиња, кој јазик го зборуваме и на кој бог се молиме, ние жените најдобро знаеме да ја почувствуваме грижата за семејството. Затоа како носителка на листата во ИЕ 6 се обврзувам дека ќе се грижам македонските семејства да добијат повеќе. А кога жена мајка на нешто се обврзува, тоа и ќе се реализира. Ние денес се обврзуваме дека на 15 јули ќе заокружиме бројот 14 за посреќни семејства во Македонија, посереќни мајки и посреќни деца, рече Стојаноска во обраќањето на градскиот плоштад во Гостивар.






Таа во рамки на предизборната кампања денеска ќе има средби со жителите на гостиварската населба Циглана.

Поврзани содржини