Стојаноска: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието
Граѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија кои што се резултат на суштински и издржани дебати во кои ќе учествува експертската јавност, а не некакви реформи и закони кои немаат допир со реалноста и секојдневното живеење – посочи пратеничката.
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска ги негираше тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието на Република Македонија.
– Имено, СДСМ треба да престане да ги политизира законите за кои што на последната средба помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, беше договорено дека треба да се седне и заеднички да се состават консензуални предлог решенија кои што пред се ќе бидат во интерес на граѓаните – вели Стојаноска.
Таа додава дека СДСМ и покрај договореното наместо како владеачка партија да обезбеди атмосфера за соработка тие единствено се служат со дневно пласирање на обвинувања со цел да ја прикријат нивната неспособност и немањето на капацитет за спроведување на суштински реформи и капитални проекти од суштинско значење за државата.
– ВМРО-ДПМНЕ досега се однесуваше и ќе продолжи да се однесува контруктивно и државнички и нема да дозволи Владата која што Република Македонија ја претвори во синоним за корупција да продолжи да носи закони со цел да си ги спроведуваат нивните лични и партиски интереси и криминали. Граѓаните треба да добиваат квалитетни законски решенија кои што се резултат на суштински и издржани дебати во кои ќе учествува експертската јавност, а не некакви реформи и закони кои немаат допир со реалноста и секојдневното живеење – посочи пратеничката.