Стојанче Стоилов стана татко, доби син
Радосната вест веќе на големо се шири по социјалните мрежи, преку кои неговите клупски и репрезентативни колеги му честитаат на Стоилов.
Капитенот на европскиот ракометен шапион Вардар и еден од најдобрите македонски репрезентативци Стојанче Стоилов денеска првпат стана татко.
Радосната вест веќе на големо се шири по социјалните мрежи, преку кои неговите клупски и репрезентативни колеги му честитаат на Стоилов, a меѓу првите што го објави тоа беше Дејан Манасков.
Стоилов и неговата сопруга Деница добија син.