СТОЈАНЧЕ ОД ТЕРЕН ОБЈАСНИ КАКВА Е ОПАСНОСТА ОД ДУПКАТА НА НАДВОЗНИКОТ ВО ВИЗБЕГОВО Директорот на ЦУК ги повика надлежните да реагираат (ВИДЕО)

Директорот на ЦУК јавно соопшти дека во неколку наврати ЦУК побарал интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста уште не е отстранета.

284

Директорот на Центарот за уравување на кризи денеска револтиран од тоа што надлежните и по неколку месеци од пријавата не ја санирале дупката на надвозникот во визбегово, денеска со видео снимка покажа кои се опасностите од бетонските делови што висат од надвозникот.

-Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него. Во неколку наврати побаравме интервенција од потенцијално надлежните институции но опасноста се уште не е отстранета. Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112 – рече Ангелов.






Поврзани содржини