СТОЈАНЧЕ ЛИЧНО ЈА ПРОВЕРИ ДУПКАТА Попушти мостот над Маркова Река

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од лице место го процени ризикот за безбедноста на минувачите.

2,049

Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост, информираат од ЦУК.

„Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност“, се вели во соопштението.






Инаку, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од лице место го процени ризикот за безбедноста на минувачите.

„Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните. ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства“, додаваат од ЦУК.

Поврзани содржини