🎥 ПОЖАР БЕСНЕЕ ВО МАГАЦИН НА ЖЕЛЕЗНИЦИ, ГОРАТ СТАРИ ВАГОНИ Црн чад се издигна над Кисела Вода
Засега не се знаат причините за пожарот и дали во депото имало луѓе.
Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски Железници Транспорт во Кисела Вода.
Како што дознаваме, пожарот избувнал уште ноќеска, а пожарникарите сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Црн чад се крева од објектот. Екипите во моментов се обидуваат да ги извлечат запалените вагони и да ги гаснат надвор на отворено.
„Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал“, велат од МВР.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram