„СТИСНЕТЕ ГО ТОА ПУСТО КОПЧЕ!“ Тошковски открива дека без „Северна“ се патува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово…

Министерот Тошковски ги повика пратениците да си ја заработат платата и „да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, да го сменат Законот за патните исправи“. Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, додаде тој.

789

Македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, срамота е што не важи и во Македонија, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по свечената церемонија по повод одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти.

– Очигледно е дека МВР презема максимум во рамките на можностите, но би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните – 61 пратеник да си ја заработат платата која ја земаат од истите тие граѓани и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија Законот за безбедност во сообраќајот, да го сменат Законот за патните исправи. Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а тие да може да се движат во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натаму слободно да се движат со патни исправи со старото име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле и меѓународните партнери. Но, факт е дека македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по предлог законот за пасошите кој им го доставив – повика Тошковски.






Тој додаде дека пристигнале 20.000 обрасци.

– Го средивме хаосот со пунктот во Пролет кој функционираше со четири фотографи. Сега имаме 14 фотографи. Во август имало договор во согласност со кој заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари во согласност со тој договор е преземена обврска некаде во декември за 22.000 обрасци – додаде министерот.

Поврзани содржини
na