СТИГНУВА СНЕЖЕН БРАН Од дожд до обилен снег со силен ветер
Попладне дождот ќе премине во снег на целата територија, а на планините се очекува значително зголемување на снежната покривка
Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер (над 60км/ч.).
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 см, а во останатите места од 5 до 10 см.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Берово до 1 во Гевгелија, а максималните дневни од 1 во Маврово и 8 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од -2 до 4 степени.
В недела нѐ очекува променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарјето засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималните утрински температури ќе се движат од -5 степени до 2 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од -3 степени до 6 степени.
Според прогнозата на УХМР, ороменливо облачно и студено со умерен, а долж Повардарјето и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Наместа ќе има услови за провејување на снег ќе има на почетокот на следната работна недела.
Минималните утрински температури ќе се движат од -12 степени до -4 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од -6 степени до 3 степени.