СТИГНАА РЕЗУЛТАТИ ОД ГОЛЕМА СТУДИЈА Откриено колкава е смртноста од ковид-19 кај вакцинираните, а колкава кај невакцинираните

Кај вакцинираните со двете дози, стапката била само 26,2 на 100.000 луѓе, а кај оние со една доза стапката била 105,3, се вели во студијата.

1,293

Веројатноста дека невакцинираните луѓе ќе умрат од последиците на ковид-19 е 32 пати поголема во споредба со луѓето вакцинирани со две дози, покажаа резултатите од новата британска студија.

Стапката на смртност од коронавирусот е значително помала кај оние кои биле вакцинирани со двете дози во споредба со оние кои биле вакцинирани со една доза или воопшто не биле – објави британската национална статистичка канцеларија (ОНС).






Во истражувањето и анализата на ОНС се користени стапки на смртност приспособени според возраста, кои ги земаат предвид разликите во возраста и бројот на членови на возрасни групи со цел да се добие валидна споредба на различни групи вакцинирани и невакцинирани.

Резултатите покажаа дека во периодот од 2 мај до 21 септември годинава стапката на смртност кај невакцинираните изнесува 849,7 на 100.000 жители, јавуваат англиските медиуми.

Кај вакцинираните со двете дози, стапката била само 26,2 на 100.000 луѓе, а кај оние со една доза стапката била 105,3, се вели во студијата.

– Ова се моментално најдобрите достапни податоци за ефикасноста на вакцината и спречување на најтешките исходи од ковид-19 – рече д-р. Питер Инглиш, поранешен советник на Националното тело за контрола на заразни болести.

Тој додаде дека вакцините не се 100% ефективни, па некои ќе се заразат или ќе умрат иако се вакцинирани.

– Сепак, важна порака што произлегува од ова истражување е дека вакцината е високо ефикасна против фаталниот исход на ковид-19. Веројатноста да умрете од последиците од коронавирусот е 32 пати помала доколку сте вакцинираните, а една доза ви обезбедува одреден степен на заштита, но не како две – истакна тој.

Поврзани содржини