СТИГНАА ПЛАТИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПЕРАЛНАТА НА КЛИНИЧКИ Од „СкопСтер“ најавуваат нови исплати и решение на проблемот
„Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, исплативме дел од старите плати, а интензивно работиме и на краткорочни мерки за обезбедување финансии за останатите обврски“, велат од компанијата.
Компанијата „СкопСтер“ најавува нова опрема и целосно реновирање – вработените ќе добиваат плата навреме?
На дел од вработените во пералната при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје денес им беа исплатени дел од старите заостанати плати, соопшти компанијата „СкопСтер“ која управува со овој сектор.
„Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата, исплативме дел од старите плати, а интензивно работиме и на краткорочни мерки за обезбедување финансии за останатите обврски“, велат од компанијата.
Од „СкопСтер“ нагласуваат дека очекуваат разбирање и од Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), со цел навремено исполнување на преостанатите финансиски обврски за 2024 година.
„Веруваме дека со заеднички сили ќе изнајдеме решение со кое сите вработени ќе добиваат плата навремено. Благодарни сме за разбирањето кое го покажаа вработените, и сакаме да ги увериме дека долгорочно гледаме кон подобрување на нивната работна средина“, соопштија од компанијата.
Од компанијата исто така најавуваат и големи промени.
„Имаме готов проект за целосно реновирање на објектот и инсталирање на нова, современа опрема, со што ќе се подобрат условите во пералната и значително ќе се унапреди здравствената услуга од овој домен“, велат од „СкопСтер“.
Пералната е дел од Јавното приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија во здравството. „СкопСтер“ ја презеде обврската за управување со неа од јануари 2024 година, заедно со сите затекнати вработени. Според компанијата, пералната е во иста состојба повеќе од 50 години.