📽 СТИГНА УКРАИНСКАТА ОДМАЗА Дрон ја погоди железничката станица во Курск, во Москва затворени аеродромите
Според првичните информации, беспилотното летало удрило во покривот на зградата на железничката станица во Курск, град на 500 километри јужно од Москва. Покривот се запалил, а пет лица се полесно повредени од парчиња стакло.
Украинско беспилотно летало го погоди западниот руски град Курск, изјави гувернерот на провинцијата, Роман Старовојт, а Москва повторно го одби напад со дрон, според официјални извештаи.
Според првичните информации, беспилотното летало удрило во покривот на зградата на железничката станица. Покривот се запали, а пет лица се полесно повредени од парчиња стакло – објави Старовојт на Телеграм.
Drone Attack in Russia.
Kursk Railway Station. pic.twitter.com/4LsWWyr6CY
— Sarah Ashton-Cirillo (@SarahAshtonLV) August 20, 2023
Курск е центар на истоимениот регион на границата со Украина. Градот се наоѓа на околу 500 километри јужно од Москва.
Russia: Drone strike on the roof of a train station in Kursk. pic.twitter.com/X73Me8T2Rc
— Igor Sushko (@igorsushko) August 20, 2023
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рано утринава на Телеграм изјави дека беспилотно летало се обидело да прелета над главниот град во текот на ноќта.
Тој додаде дека противвоздушната одбрана го спречила тоа. Дополнителни детали, исто така, не беа достапни, а информациите не можеа независно да се проверат.
– Двата московски аеродроми, Внуково и Домодедово, привремено ги прекинаа полетувањата и слетувањата во текот на ноќта – соопшти градоначалникот на Москва.
Руската државна новинска агенција ТАСС исто така објави за прекинот на летовите од московските аеродроми цитирајќи претставник на службата за воздушен сообраќај.
Украинските напади доаѓаат како одмазда за вчерашното руско ракетирање на украинскиот град Чернихив во кое беа убиени 7 лица, меѓу кои и едно 6-годишно девојче, а над 140 лица се повредени. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, најави дека украинските војници ќе и дадат „значаен одговор“ на Русија за овој терористички напад.
A drone hit the train station in Kursk, Russia! pic.twitter.com/4lMgIZ3LiH
— Yasmina (@yasminalombaert) August 20, 2023
Москва неодамна во неколку наврати го ограничуваше воздушниот сообраќај поради напади со украински беспилотни летала. Последното беше во петокот наутро кога московските власти соопштија дека нападот со беспилотно летало бил одбиен недалеку од централната деловна област на градот.
ЗЕЛЕНСКИ СЕ ЗАКАНИ СО БРУТАЛНА ОДМАЗДА Украина ќе возврати за рускиот напад на Чернихив