СТИГНА СУСПЕНЗИЈАТА ЗА РИДИГЕР Инцидентот со судијата ќе го чини отсуство од 6 натпревари
Ниту останатите играчи на „кралскиот клуб“ не поминаа без последици. Лукас Васкез доби два натпревари суспензија, откако го предводеше протестот кон судијата во самиот финиш, фрлајќи мраз кон теренот. Винисиус Жуниор, кој беше меѓу оние кои најгласно протестираа против одлуките на судијата не беше казнет.
Нервозата што зовре на крајот од финалето на Купот на кралот меѓу Реал Мадрид и Барселона го чинеше Антонио Ридигер скапо — шест натпревари суспензија. Германецот e казнет зашто фрли пластично шише кон судијата, па му се нафрли.
Со оглед на тоа што до крајот на сезоната остануваат уште пет кола, а Ридигер неодамна беше на операција на коленото, дел од казната Ридигер ќе ја одслужи на стартот на следната сезона.
Ниту останатите играчи на „кралскиот клуб“ не поминаа без последици. Лукас Васкез доби суспензија за наредните 2 натпревари, откако го предводеше протестот кон судијата во самиот финиш, фрлајќи мраз кон теренот.
Џуд Белингам, кој исто така доби црвен картон на крајот, не беше казнет. Според официјалната проценка, судијата направил грешка, па Англичанецот ќе може да игра во следните натпревари.
Интересно, Винисиус Жуниор, кој беше меѓу оние кои најгласно протестираа против одлуките на судијата на мечот Реал Мадрид-Барселона, мина без никаква санкција.