СТИГНА РУСКА ПОТВРДА ЗА УКРАИНСКИОТ НАПАД НА КРИМ Два воени брода се оштетени, 24 лица се повредени

Два брода кои беа на поправка се оштетени од непријателски крстосувачки ракети - соопшти руското Министерство за одбрана.

784

Најмалку 24 лица се повредени, а два воени брода се оштетени во украински ракетен напад во и околу заливот Севастопол на Крим, соопшти денеска регионалната управа назначена од Москва.

– Како резултат на нападот се запали „нецивилен објект“ во пристанишниот град Севастопол – соопшти гувернерот Михаил Развозаев на Телеграм, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.






Според извештајот, околу 10 експлозии одекнале во градот каде што е стационирана руската Црноморска флота. Оштетени се и два руски воени брода.

„Два брода кои беа на поправка се оштетени од непријателски крстосувачки ракети“ – соопшти руското Министерство за одбрана.

Поврзани содржини