📽 СТИГНА ОДМАЗДАТА НА ПАКИСТАН КОН ИРАН Ракетите убиле три жени и четири деца

Би-Би-Си наведува дека двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за засолниште на екстремистички групи кои вршат напади во пограничните региони.

844

Пакистан одговори на неодамнешните напади на Иран со свој напад. На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пакестанското ракетирање, јавува Би-Би-Си. Медиумите известувата дека Иран објавил дека три жени и четири деца, кои биле убиени во воздушни напади во провинцијата Систан и Белучистан, „не се Иранци“.

 






 

Би-Би-Си наведува дека двете земји долго време меѓусебно се обвинуваат за засолниште на екстремистички групи кои вршат напади во пограничните региони.

Асошиејтед Прес објави дека Пакистан го отповикал својот амбасадор од Техеран во средата, еден ден по иранскиот напад врз сунитските сепаратисти на пакистанска територија. Американската агенција вели дека Иран и нуклеарно вооружениот Пакистан долго време се гледаат меѓусебно со сомнеж за нападите на екстремистите.

Во меѓувреме Блискиот Исток гори. Израел се бори против палестинската група Хамас во Газа и разменува оган со Хезболах поддржан од Иран во Либан, додека групите поддржани од Иран во Ирак и Сирија ги гаѓаат американските сили, а САД и Обединетото Кралство ги нападнаа Хутите во Јемен кои се поддржани од Иран како одговор на тоа што Јемен со дронови напаѓа бродови во Црвеното Море.

Поврзани содржини