СТИГНА КИНЕСКАТА ТРГОВСКА ОДМАЗДА Царини од 125% за американските 145

Кинескиот претседател Си Џинпинг за првпат јавно проговори за ескалацијата на трговската војна со САД, велејќи дека Кина не се плаши и дека нема да попушти пред, како што тој вели, неправедната репресија.

320

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз од 84 на 125 отсто, возвраќајќи на претходната одлука на Вашингтон. Како што пренесе Еуроњуз, ова денеска го соопшти Комисијата за царини на Државниот совет на Кина.

Белата куќа вчера соопшти дека стоката увезени од Кина во САД подлежи на царини од најмалку 145 отсто.






Кинескиот претседател Си Џинпинг за првпат јавно проговори за ескалацијата на трговската војна со САД, велејќи дека Кина не се плаши и дека нема да попушти пред, како што тој вели, неправедната репресија.

Неговите зборови доаѓаат во време кога меѓународните пазари се под притисок и расте стравот од глобална рецесија.

– Нема победници во трговската војна, а спротивставувањето на целиот свет води само до изолација – рече Си за време на состанокот со шпанскиот премиер Педро Санчез во Пекинг, според кинеската државна телевизија.

Џинпинг исто така ја повика Европската унија да застане со Кина во отпорот на „едностраното малтретирање“, објавија утринава кинеските државни медиуми.

Поврзани содржини