СТИГА СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ОД 1,1 МИЛИОН ЕВРА Русино добива нова механизација за чиста животна средина

Министерството за животна средина набавува компактор, товарач и друга механизација за депонијата Русино – инвестиција вредна над 1,1 милион евра со поддршка од ЕБОР, „SECO“ и СИДА.

716

Регионалната депонија Русино наскоро ќе добие комплетно нова и современа механизација, откако Министерството за животна средина и просторно планирање денеска го потпиша договорот за нејзина набавка.

Станува збор за инвестиција вредна 1.142.200 евра, како дел од регионалниот проект за управување со цврст отпад, со кој се овозможува набавка на компактор, товарач, трактор со приколка за вода, камион и потребни резервни делови.






– Оваа набавка претставува важен чекор за воспоставување на функционален, регионален систем за управување со отпадот во Полошкиот регион. Благодарни сме за поддршката од нашите меѓународни партнери, кои со години се наш сојузник во напорите за унапредување на еколошките стандарди – изјави министерот за животна средина и просторно планирање и прв заменик на претседателот на Владата, Изет Меџити.

Како што посочуваат од Министерството, финансирањето е обезбедено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со дополнителна поддршка од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) и Шведската влада преку СИДА (SIDA).

Набавката следува како директен одговор на барањето упатено до министерот Меџити за време на неговата неодамнешна посета на депонијата Русино, со цел подобрување на условите и функционирање на локацијата.

Од Министерството нагласуваат дека со оваа опрема, Русино ќе може да работи по еколошки стандарди, што директно ќе придонесе за заштита на животната средина и подобрување на здравјето на жителите од Полошкиот регион.

Поврзани содржини