СТЕВО ВО ВЕЛЕС, ГОРДАНА ВО ГЕВГЕЛИЈА, ВАНКОВСКА ВО КОЧАНИ Тринаесетти ден од претседателската кампања

Претседателските кандидати продолжуваат да ги промовираат платформите пред граѓаните.

196

Тринаесетти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на средби со жителите на Чашка (17:30), Свети Николе (18:30), а централен митинг ќе одржи во Велес (20:00).






Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ,  денеска ќе се сретне со граѓаните во Дојран (17:00), Валандово (18:30) и во Гевгелија (20:30).

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе оствари средби со граѓани во Скопје. (изјавата на денот ќе ја даде на Зелено пазарче на автобуската станица, Live stream на фб страната на Maksim Dimitrievski/ 13:00)

Билјана Ванковска, кандидатот за претседател на Левица, денеска ќе оствари средби со граѓани во Виница (кај поранешна „Винка“ во 14:00) и во Кочани (Градски парк/ 16:00).

Во Тетово, прес-конференција ќе има кандидатот за претседател Коалицијата Вреди, Арбен Таравари (Штаб на Вреди /11:00). Скопје – Форумот на жени на Коалицијата Вреди ќе ја одржи Регионалната конференција на тема „Жените во одлучувањето како квалитет на демократијата“ на која ќе присуствува и Албулена Хаџиу, претседателка на Форумот на жените на движењето Самоопределување и министерка за правда на Република Косово. (х. „Александар Палас“/ 18:00).

Поврзани содржини