СТЕВО ВО ПОСЕТА НА СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ, ГОРДАНА ОДИ ВО ГОСТИВАР И ВО ТЕТОВО Деветти ден од кампањата за претседателските избори

Претседателските кандидати продолжуваат да ги промовираат платформите пред граѓаните.

465

Деветти ден од кампањата за претседателските избори, претседателските кандидати преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски ќе биде меѓу скопјани, на средба со жителите на Илинден (16:00), Петровец (17:30), Карпош (18:30), и во Центар на централен митинг (20:00).






Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Дебар (16:00) Гостивар (18:30) и во Тетово (20:30).

Кандидатот за претседател од Коалицијата ВРЕДИ Арбен Таравари и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами ќе одржат средба со Албанската академија на науките и Уметност. (Центар Саранда 13, кај Пошта/10:00 во Тетово), а потоа во 13:45 ќе во Старата скопска чаршија каде ќе присуствува на настан заедно со носителот на листата на кандидати за пратеници во Првата изборна единица Изет Меџити.

Во 11:00 часот, кандидатот за претседател на Северна Македонија од Европскиот фронт, Бујар Османи, ќе одржи отворена дискусија на тема: Зајакнување на стратешките партнерства со САД и ЕУ и соодветно меѓународно воспоставување преку надворешната политика. По дискусијата ќе следи прес конференција, која ќе започне во 11:30 часот.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во 15:00 часот ќе биде во Демир Капија, потоа во 17:00 часот во Неготино, Росоман (18:30) и во Кавадарци од 20 часот.

Поврзани содржини