СТЕВО ВО БИТОЛА, МАКСО ВО СТРУМИЦА, ГОРДАНА ВО ШТИП Последен ден од кампањата за првиот круг претседателски избори

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација.

204

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот.

Денеска, кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски, ќе се сретне со граѓани во Демир Хисар во 17 часот, во Ресен во 18.30 часот, а митинг ќе одржи и во Битола вечерва во 20 часот.






Кандидатката за претседател на државата поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Лозово (16:30), Карбинци (17:30), Пробиштип (18:30) и Штип (20:30)

Лидерот на ЗНАМ и кандидат за претседател Максим Димитриевски, денеска ќе се сретне со жителите на Радовиш, Василево, Ново Село, Босилово и Струмица.

Кандидатката за претседател од редовите на Левица, Билјана Ванковска, денеска ќе одржи средби со граѓаните на Кичево и на Гостивар.

Поврзани содржини