📽 СТЕВО ПРОТИВ СТЕВО ЗА „ТОА НА М“ Изгледа Грујо им треба како лепче
Кога Пендаровски го кажува тоа што го мисли - кога го фали СЈО за пресудата за Никола Груевски, или кога вели дека никој не требало да биде осуден поради набавката на „мерцедесот“?
На социјалните мрежи кружи видео на коешто се прикажани делови од две телевизиски гостувања на шефот на државата Стево Пендаровски.
Интересно е тоа што и на едното и на другото гостување претседателот зборува за работата на тогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) во поглед на пресудата за набавката на „мерцедесот“, но и во двата настапи тој зазема спротивен став.
Во првиот дел Пендаровски ја фали работата на СЈО, а во вториот дел тој вели дека никој не требало да биде осуден поради набавката на „мерцедесот“.
– СЈО има поднесено многу обвинителни акти. Дел од тие постапки се завршени со обвинителни пресуди, а најпознатиот од тие кои и во втор степен беа осудени е поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој за да не се соочи со правдата, избега од Македонија. Значи, во делот на правдата, преку СЈО се направени огромни исчекори и оваа коалиција на власт во наредниот период ќе направи сѐ за тоа да добие правен статус – вели Пендаровски во своето некогашно гостување во емисијата „Само вистина“.
Минатата недела, пак, во гостување во емисијата „Вин-вин“ со Оливера Трајковска, претседателот на државата вели дека експремиерот Груевски не го оштетил буџетот со тоа што го купил „мерцедесот“ и признава дека тој автомобил и ден денес е во употреба.
– Во однос на купувањето на мерцедесот, велат дека Груевски прибавил имотна корист за себе, го оштетил буџетот или оштетил некој трет. А како е оштетен буџетот со возило кое се купува од безбедносни причини за кое не е потребен втор понудувач и кое и денеска е во употреба? Како тоа Груевски или Јанкуловска прибавиле имотна корист за себе, а ден денеска го возиме кога ќе дојде некој претседател или премиер? Еве наскоро во Скопје ќе дојде претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен. Ќе се вози во истиот мерцедес. Значи, не можете вие во таканаречени еластични норми, да бидам културен, да ставате сѐ затоа што не можете на друг начин да осудите – рече Пендаровски.
Во продолжение, погледнете го видеото:
Пендаровски ја фалеше работата на СЈО преку пресудата за набавката на мерцедесот, сега безмалку вика не требало да ги судат за тоа🤦♂️
дај реши се @SPendarovski pic.twitter.com/WI1XMxbvxe
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) October 16, 2023