СТЕВО, ПОСЛЕ ПОРАЗОТ, НИ ГПС НЕМА ДА ТЕ ПРОНАЈДЕ! И Фридом хаус те потсети дека си дел од корумпираниот систем, му порача Мицкоски од Кичево
„Еве, јас ќе ти дадам одговор, за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј. По три пати повоски цени се испорачуваат услуги таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Кичево.
„Ја слушнав вчера најновата навреда на Стево, охрабрен, осилен, а во суштина исплашен како глувче мало ѝ вели на професорката која за него е величина како Монт Еверест на Хималаите – ѝ недостасувало ГПС. Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче“, ИЗЈАВИ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митингОТ во Кичево во рамки на претседателската кампања.
Мицкоски му порача на Пендаровски дека после избори и тешкиот пораз ниту ГПС нема да го пронајде.
– Јас ќе му порачам да си го зачува ГПС-ОТ, бидејќи ќе му треба после изборот кој ќе му се случи прво на 24 април, а после тоа на 8 мај, Нема да знае главата каде му е. Нека си го чува ГПС-от барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент – рече Мицкоски.
Тој истакна дека Пендаровски се фалел дека изминатите пет години не крадел, но го праша да каже како ја финансира неговата кампања, посочувајќи му дека во РЕК Осломеј се испорачуваат услуги три пати поскапи – дел од тие пари завршуваат во приватни џебови, а дел за финансирање на претседателската кампања на Пендаровски.
Мицкоски го праша Пендаровски со какви пари се финансира неговата кампања за претседателските избори.
– Еве, јас ќе ти дадам одговор, за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј. По три пати повоски цени се испорачуваат услуги таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски – рече Мицкоски.
И додека Стево се прави Мајка Тереза, му стигна одговор од американската Фридом хаус, која го потсети дека е дел од корумпираниот систем, рече Мицкоски и додаде.
– Фридом хаус со шамар за ДУИ и СДСМ и лицето кое збор не кажа и нема храброст да зуцне против нив, затоа што очекува поддршка од нив за претседателската трка, туристот Стево.
Пендаровски е лице и опачина од една иста горчлива приказна, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи:
– И така некако, Пендаровски цел свој мандат ќе остане запаметен како човек без свое јас. Ќе ве потсетам, освен тоа што ги аминуваше сите штетни договори на двоецот ДУИ – СДСМ, по кои две работи ќе остане Стево запаметен. Првата работа, дека Гоце Делчев бил Бугарин. И втората, дека ако не бил претседател и тој ќе се иселел од Македонија. Ајде да му помогнеме на 24 април да почне со пакување на куферите, а потоа на 8 мај слободно нека се сели!
Мицкоски укажа дека актуелниот претседател Пендаровски во суштина е кукавица, а го нарече и „полтронот, измеќарот на Али Ахмети„.
– Зарем тој човек ја заслужува народната волја? – праша Мицкоски и повика да се гласа за Гордана Силјановска Давкова, „затоа што на Македонија и треба претседател, а не измеќар“.