СТЕВО, КОГО САКАВТЕ ДА АМНЕСТИРАТЕ СО АРТАН, СО КОВАЧЕВСКИ И СО АХМЕТИ, ЗА ШТО СЕ ДОГОВАРАВТЕ ВО ВИЛАТА НА ВОДНО? Бомба на Мицкоски во Тетово

„Стево Пендаровски да каже какви планови коваше во вила Водно со Артан, Ковачевски и со Ахмети, поврзано со измените на Кривичниот  законик и евентуална амнестија на поранешни политичари“, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Тетово.

3,175

„И на митинзите Стево Пендаровски и СДСМ нема ништо да кажат за извештајот на Фридом хаус. И додека научил една празна и често повторувана фраза дека немал ниту една црна дамка во кариерата, во извештајот на американската Фридом хаус седи дека државата каде тој е претседател е силно криминализирана, а новинарите што пишуваат за криминалот се под притисок на властите“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Тетово.

Мицкоски додаде дека „исто така државата на која Стево е претседател, во извештајот стои дека има директно влијание на власта врз правосудните органи и обвинителството”.






– Сте го слушнале ли Стево ова да го осуди или да се огради од тоа? Нема такво нешто. Во извештајот стои дека власта неочекувано направи измени на Кривичниот законик со кој олесни дела и случаи за кои може да се гонат функционери кои сториле престапување на законите – кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови ковал во вилата на Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и со Али Ахмети пред неколку месеци.

– Овој „чесниот“ Стево Пендаровски, добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и на Ахмети, пред неколку месеци, поврзано со измените на Кривичниот  законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „Твоја Македонија“. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес Стево како најголем кукавица избега – рече Мицкоски.

Секој еден граѓанин треба да знае дека, гласот за Стево е глас за Артан, Али, Талат и за Ковачевски, рече Мицкоски и додаде:

– Гласот за Стево Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево Пендаровски е глас за прифаќање на бугарскиот диктат и прифаќање на сите штетни политики за државата. Време за промени. Време е Македонија да добие вистински претседател. Затоа ве повикувам да гласате за Гордана Силјановска Давкова. Човек со интегритет и знаење, врвен познавач на уставното право и политичкиот систем. Жена со свој став за работите и жена која работи според принципи. Непоколеблив борец за правда и одговорност, за заштита на човековите права и слободи.

 

Поврзани содржини