🎥 СТЕВО И СДСМ ЈА ПЕАТ „ЗЕМЈО ТУРСКА РОПСКА МАКЕДОНИЈО“ Вечер на репертоарот е „Едно име имаме“?!

„Кој душман ќе влезе, жив нема да излезе Македонијо, ти го ставаш в гроб“. „Земјо турско-ропска Македонијо, уважавам те“. Овие стихови ги пее Владо Јаневски на митингот на СДСМ одржан на 7 април, а на видеото кое масовно се споделува на социјалните мрежи се гледа како патриотската атмосфера ги понесува присутните во првите редови, вклучително и самиот Пендаровски.

2,045

Патриотската песна „Земјо македонска“, која во 1990-те години по предлог на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ требаше да биде официјална химна на државата, сега очигледно е нумера која задолжително се изведува на митинзите на кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски.

„Кој душман ќе влезе, жив нема да излезе Македонијо, ти го ставаш в гроб“. „Земјо турско-ропска Македонијо, уважавам те“. Овие стихови ги пее Владо Јаневски на митингот на СДСМ одржан на 7 април, а на видеото кое предизвикува општа смеа на социјалните мрежи се гледа како патриотската атмосфера ги понесува присутните во првите редови, вклучително и самиот Пендаровски, кој пред само неколку денови беше „уловен“ како не ја пее химната на еден од своите митинзи.






Освен „Земјо македонска“, уште една задолжителна песна што се пее на митинзите на СДСМ е и „За многу години Македонци“ во изведба на Владо Јаневски и Кристина Арнаудова.

Оттука, легитимно е да се постави прашањето дали можеби на следните митинзи ќе се изведува и песната „Едно име имаме“?!

Поврзани содржини