🎥 СТЕВО И ЈАС, ЕДНА ЖЕШКА ВЕЧЕР, МНОГУ ДОЦНА… Aпсолутно романтично на стартот на кампањата
Со ваков драматичен вовед и со многу емотивен набој, Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ, на присутните им расправа што се случило таа жешка вечер, кога тој и Стево седеле сами.
„Стево и јас, една жешка вечер, многу доцна, седевме заедно сами…“
Ова е најроманитчниот моментот пред старот на претседателската кампања, забележан на конвенцијата на Стево Пендаровски во салата Борис Трајковски.
Со ваков драматичен вовед и со многу емотивен набој, Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ, на присутните им расправа што се случило таа жешка вечер, кога тој и Стево седеле сами.
– Стево рече вака. Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Знам дека од утре, сите популисти, сите националисти, сите противници на европската идеја за Македонија, сите оние кои се здружени со непријателите на Македонија, ќе застанат против тебе. И ќе поминуваш низ пекол. И затоа, нема да те оставам сам. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Ќе стојам рамо до рамо и со пратениците со кои заедно ќе ја водиш битката во парламентот. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: Дa, Македонија треба го прифати европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа и го направи, тоа е лидерство. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери – рече Ковачевски.
Ете, така било таа жешка вечер. И затоа сега сме тука кај што сме…