СТЕВЧО СЕ МИСЛИ ДАЛИ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПЕТТИ МАНДАТ Градоначалникот на Карпош очекува исклучително црна кампања

Карпош треба да има добар градоначалник - рече Јакимовски информирајќи дека Гром ќе има кандидат и за Скопје, а расположението во партијата било и за негова кандидатура во Карпош.

252

Стевчо Јакимовски сè уште не открива дали ќе се кандидира за нов, петти мандат во Карпош. Тој вели дека анкетите биле на негова страна и дека граѓаните на Карпош му ја давале поддршката во три наврати кога било многу тешко.

За СДСМ истакна дека имало интерес да поддржат негова кандидатура, но на крај решиле да исфрлат свој предлог.






– Карпош треба да има добар градоначалник – рече Јакимовски информирајќи дека Гром ќе има кандидат и за Скопје, а расположението во партијата било и за негова кандидатура во Карпош.

Очекува исклучително црна кампања и не очекува пресудата за него да стане правосилна бидејќи како што вели поминале 4 месеци, а тој ја нема сè уште добиено пресудата за да може да ја обжали.

Поврзани содржини