СТЕВЧЕ НЕМА ДА ВОДИ ВОЈНА СО НИКОГО Интересот на Карпош е големата слика што ја гледа Јакимовски

Ненад Мирчевски го анализира настапот на Стевче Јакимовски во емисијата на Васко Ефтов.

1,181

Со тврдиот став дека нема намера да растури коалиција и да отвори политичка војна поради одлуката да не биде поддржан од коалицијата, Стевче Јакимовски покажа дека поголемата слика му е поважна од суетата. А поголемата слика, барем од тоа што можеше да се чуе од него, е интересот на граѓаните во Карпош, коментира на Фејсбук Ненад Мирчевски, по настапот на Јакимовски во емисијата „Во Центар” на Васко Ефтов.

„Можеби најинтересната порака, која домаќинот (не)свесно ја игнорираше, а тоа е дека Стевчо нема намера да води војна ниту со СДСМ во предизборната кампања. За многумина чудна и неочекувана, со оглед на тоа што во изминатите години беше жртва на жестоки напади од нив. Дали оваа последна порака е знак дека Јакимовски во неговата, како што ја нарече, ’нова визија за Карпош‘ предвидува простор за конструктивна соработка со сите советници кои ќе добијат поддршка од жителите на Карпош? Едни ќе речат ова е подавање рака за политичко помирување, макар и на локално ниво, други, пак, дека ‘стариот лисец’ предизборно кокетира со другата страна”, пишува Мирчевски.






Зошто е подобро за Стевчо да биде искрена подадената рака, прашува авторот и вели:

„Ако навистина е искрен во намерата да го стави поголемиот интерес (интересот на жителите на Карпош) над личниот (желбата за освета), тогаш по неговото евентуално враќање на градоначалничката позиција ќе мора да заборави на политичкиот реваншизам, осветувањето кон политичките неистомисленици, партиските ‘предавници’ кои ја сменија страната кога ги загуби изборите, граѓаните кои го критикуваа јавно итн… Ќе мора да работи со професионална администрација а не со партиска, а истовремено нема да смее да ги штити партиски вработените неработници и непрофесионалци. Така ќе покаже дека е градоначалник на сите, а не само на тие што го гласале”, пишува Мирчевски.

Поврзани содржини