Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда, рече директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стефановиќ во синоќешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
Таа зборуваше и за високиот број смртни случаи за што истакна дека е очекуван со оглед и на зголемените бројки на новозаболени и хоспитализирани лица.