Стевановиќ: Дебелината е сериозен ризик кај заболените со ковид-19

Една средно тешка клиничка слика се лекува по четиринаесет дена, но има и многу подолго кои остануваат во болница - рече директорката.

510

На денешната прес-конфереција директорката на Инфективна клиника, Милена Стевановиќ, рече дека различно се лекуваат сите пациенти. Една средно тешка клиничка слика се лекува по четиринаесет дена, но има и многу подолго кои остануваат во болница.

– Смртноста со зголемување на бројот, со пребукирање на болничките капацитети, од самиот почеток инсистиравме на почитување на мерките. За жал изгубиме млади и релативно млади луѓе, дел од нив со коморбидитети. Ние не сфаќаме сериозно дека обезноста е сериозен ризик за тешка слика на ковид-19. Ние сите како нација имаме по килограм, два вишок, но кај оние со повеќе вишок килограми ковид-19 се манифестира многу потешко – појасни Стевановиќ.






Во однос на фреквенцијата на прием и испис на пациенти, Стевановиќ рече дека тоа е работа која не може да се предвиди. Потенцира дека максимално рационално се користи секој кревет којшто и е на располагање на Клиниката и оти редовно по исписот на пациентите, се прави задолжителна дезинфекција.

Поврзани содржини