Стапката на смртност кај пациeнтите на Инфективна е 23 од 100 хоспитализирани, алармираше директорката на клиниката, Милена Стевановиќ во гостување на Топ Тема
Според Стевановиќ, дури 72 проценти од пациентите со коронавирус имаат и други сериозни нарушувања на здравјето, дел од нив и со два коморбидитети. Меѓу најризичните се оние со висок крвен притисок, разни срцеви заболувања, дијабет, малигни и хематолошки заболувања.
Директорката на Инфективна истакна дека просечната возраст на починатите пациенти е 65 години и она што особено го потенцира е дека луѓето предоцна бараат помош. Повеќе од пола се јавуваат по седум дена од почетокот на болеста, а дел од нив и по десет со веќе развиени тешки симптоми и последици.