AСТЕРОИД ПРЕЛЕТА ПОКРАЈ ЗЕМЈАТА Голем е колку планина од 1,4 километри
Астероидот 2016 АЈ193 не ја погоди Земјата, но може да биде смртоносен. Тој на секои 5,9 години врти круг околу Сонцето по прилично чудна патека. Тргнува некаде од позади Јупитер, а стигнува до орбитата на Венера и потоа назад. Оваа траекторија е прилично превртена во однос на рамнината на траекториите кои ги имаат останатите планети во Сончевиот систем.
Вселенска карпа од 1,4 километри вчеравечер пролета на само 3,4 милиони километри покрај Земјата, што е најблиску да прелета вакво тело во последните неколку децении, пишува IFL Science. За споредба, тоа е само 9 пати поголемо од растојанието меѓу Земјата и Месечината.
Астероидот 2016 AJ193 е поголем скоро 100 отсто од сите познати објекти во близина на Земјата и затоа и научниците добро внимаваа на него.
Астероидот-карпа со име 2016 АЈ193 бил едвај видлив за научниците, па тие мораа да го проучуваат само преку малиот дел кој рефлектирал светлина назад до леталото Neowise на НАСА. Бил откриен од Панорамскиот истражувачки телескоп (Pan-STARRS) од опсерваторијата Халеакала во Хаваи уште во јануари 2016 година.
Погледнете го твитот во кој е опишана траекторијата на астероидот.
So, what did you do in lockdown? Well, I said, #lockdownastronomy of course. Here I detected a Potentially Hazardous 1.4km Near Earth Asteroid (2016AJ193) currently flying past us. Thanks to @Unistellar‘s fantastic astronomers for putting the gif together from my #eVscope data. pic.twitter.com/O5CuNrczUI
— John Pickering, Skrymaster, 43.6S 172.6E (@kiwiskiNZ) August 20, 2021
Астероидот 2016 АЈ193 не ја погоди Земјата, но може да биде смртоносен. Тој на секои 5,9 години врти круг околу Сонцето по прилично чудна патека. Тргнува некаде од позади Јупитер, а стигнува до орбитата на Венера и потоа назад. Оваа траекторија е прилично превртена во однос на рамнината на траекториите кои ги имаат останатите планети во Сончевиот систем.
Следниот пат овој астероид ќе не посети на 19 август 2080 година, но ќе биде двојно поодалечен од сега.
Астрономите од Голдстоун опсерваторијата во Калифорнија, заедно со опсерваториите во Шпанија, Германија, Италија и Русија сѐ уште го набљудуваат овој камен, а планираат да се одлепат од телескопите дури во вторник.