Стегнете ги ремените! Почнува редовното плаќање на кредитите од први октомври
Но, на оваа тема во моментов нема ништо ново, па така останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.
Доколку нема промени на актуелните каматни стапки, поголемиот дел од граѓаните повторно би прифатиле ново пролонгирање на плаќањето на ратите од кредитите и картичките. Но, на оваа тема во моментов нема ништо ново, па така останува рокот до крајот на септември, до кога течат само камати, а не се отплаќа главницата.
Мерката завршува во октомври, а до тогаш ќе се следи состојбата која ја донесе пандемијата. Над 70 проценти од граѓаните ја избраа опцијата за одложено плаќање.
– Регулаторните измени со коишто се овозможи олеснување на финансискиот товар на засегнатите кредитокорисници, за банките и штедилниците важат до крајот на септември, но ако биде потребно, ќе се разгледа можноста нивната важност да биде продолжена – рекоа претходно од Народна банка.