СТЕФКОВСКИ ВЕТИ НУЛА КОМУНАЛИИ ЗА БРАЧНИ ПАРОВИ ДО 29 ГОДИНИ КОИ ГРАДАТ КУЌА Целта е тука да ја креираат иднината, вели градоначалникот

Оваа мерка е од суштинско значење за младите да останат тука, да создадат семејство, да изградат свој дом и да си ја креираат иднината тука во нашата Гази Баба, вели актуелниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

86

Нула комуналии за изградба на куќа за млади брачни парови до 29 години е првиот проект кој ќе биде дел од изборната програма за вториот мандат на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат во оваа општина.

– Оваа мерка е од суштинско значење за младите да останат тука, да создадат семејство, да изградат свој дом и да си ја креираат иднината тука во нашата Гази Баба. Со оваа одлука не само што им даваме конкретна поддршка, туку и јасно покажуваме дека младите се во срцето на нашите политики и визија – изјави градоначалникот Стефковски.






Изминатиот период на територија на општина Гази Баба, градоначалникот Стефковски реализира караван на идеи под името „Твоја идеја, заедничка иднина. За Гази Баба која повеќе не запира“.

Поврзани содржини