Стефановиќ: Ова е обид за насилно преземање на власта

Беа нападнати се се и сешто, па и со лопати, молотови коктели - наведе Стефановиќ, додавајќи дека се повредени 10 полицајци.

283

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ вечерва на вонредна прес-конференција по повод протестите во Белград и други српски градови истакна дека протестите се обид да се преземе власта без волјата на народот, без учество во власта.

Тој наведе дека полицајците мирно и воздржано се однесувала се се додека не биле загрозени нивните животи.






– Беа нападнати се се и сешто, па и со лопати, молотови коктели – наведе Стефановиќ, додавајќи дека се повредени 10 полицајци.

Тој наведе дека протестот никој не го пријавил, поради што е незаконски.

– Секој има право да протестира, да пријави протест, да излезе на избори, да се кандидира, да ги покаже своите идеи, а не да решава се со насилство, посочи Стефановиќ.

Поврзани содржини